ПОПУЛАРНИОТ ИТАЛИЈАНЕЦ СКРШИ РАКА НА НАСТАП Дамиано Давид во гипс!

20 август, 2021
Screenshot 2021-08-20 153424

Групата „Манескин“ ја полуде Европа за кратко време, а шармантните Италијанци лесно победија на најпопуларниот музички натпревар оваа година. Сепак, контроверзниот пејач на групата, Дамиано Давид, привлекува најголемо внимание.

Дамиано, за кого девојките се луди, не е типичен мачо, туку претпочита женски комбинации облека.

Но, кога станува збор за повредите, ги трпи машки, па денес објави фотографии од скршената рака:

„Се за музиката“, напиша Давид.

И она што не беше познато е дека раката на Дамиано му ја скршил еден обожавател на настап. Како точно се случило, се уште не е познато, но раката на пејачот беше ставена во гипс и завои за рекордно време по концертот.