Поранешната сопруга на 6-от сопруг на Памела Андерсон е излудена: „Ова е измама, животи се уништени, таа го киднапираше!“

31 јануари, 2021
памела

После веста дека Памела Андерсон тајно се омажила за својот телохранител Ден Хајхурст, се појави неговата лута поранешна сопруга тврдејќи дека актерката го киднапирала.

Жената која се претстави само како Кери вели дека живеела и воспитувала две деца заедно со Дан цели пет години и дека тој се оженил со Памела Андерсон, дознала од медиумите, вели таа.

Ова не е слатка љубовна приказна од карантин, како што се обидуваат да ја претстават, сето тоа е измама. Сакам луѓето да знаат дека мојата петгодишна врска со Дан, во која учествуваа три деца, сè уште траеше кога тие почнаа да се гледаат. Сè започна со измама и уништени животи – изјави таа за Сан.

Таа додаде дека Дан работел за Памела шест месеци пред да започнат врска.

Во тоа време, тој не беше нејзин телохранител, туку работник што го ангажираше да и работи домашни работи. Сите бевме шокирани од нивната врска и поради тоа страдаме. Не само јас и децата, Дан поради тоа изгуби многу пријатели и деловни партнери – рече таа.

escort - Korsan taksi