ПОРАНЕШНАТА ЖЕНА НА ЕМИНЕМ СЕ ОБИДЕ ДА СЕ САМОУБИЕ! Полицијата ја пронашла во локва крв – отишле да помогнат, а таа ги нападнала!

11 август, 2021
eminem-kim-skot

Поранешната сопруга на раперот Маршал Медерс, Ким Скот, се обиде да се самоубие

Поранешната сопруга на Еминем, Ким Скот, беше хоспитализирана откако беа пронајдени исеченици на нејзините раце и нозе.

Ким се судри со полицијата откако тие, заедно со болничарите, одговорија на повикот дека некој се обидува да се убие во нејзината куќа во Мичиген, пишува ТМЗ.

Инцидентот се случи минатата недела, а полицијата и брзата помош ја пронашле Ким во локва крв. Итно била пренесена во болница, каде била подложена на медицинска и психолошка проценка, а по краток престој била испратена на домашно закрепнување.

Еминем и нивната ќерка Хејли Џејд, не го коментираа нејзиниот обид за самоубиство.

Kim Skot

Еминем двапати беше во брак со Ким Скот. За прв пат се разведоа во 2001 година, а раперот сними неколку скандалозни песни за неа. По вториот брак, склучен во 2006 година, кој траеше само неколку месеци, парот дефинитивно се разведе.

Ким Скот беше уапсена во 2001 година за возење под дејство на илегални супстанции, кои исто така беа пронајдени во нејзиниот автомобил, а во 2015 година се обиде да изврши самоубиство – се опијанила и седнала во автомобилот со намера да се удри. Кратко потоа, таа изјави дека Еминем и дал поддршка во тој период.

escort - Korsan taksi