Поранешниот љубовник на Крис Џенер потпишал „пеколен договор“: Ниту името не смее да ѝ го спомене, а не пак аферата!

4 март, 2021
profimedia-0472887546-830x0

Ватерман имал 23 години и бил професионален фудбалер кога започнал „дива“ афера со Крис Џенер, која во тоа време имала 34 години, била мајка на четири деца и сопруга на познат адвокат од Беверли Хилс.

Американската ријалити sвезда и најпозната мајка на Светот, Крис Џенер (65), успеа да ја заштити својата репутација и да спречи нејзиниот поранешен љубовник Тод Ватерман (56) да зборува во јавноста за неа или нејзиното семејство.

Не, никогаш нема да можете да прочитате збор за Крис Џенер од нејзиниот поранешен љубовник Ватерман!

Ова е затоа што славната „мамаџерка“ му платила одредена сума пари за да се појави во една епизода од шоуто „Kepping Up With The Kardashians“, но тој мораше претходно да потпише договор за тајност.

Имено, во замена за скромниот хонорар за појавување во реалното шоу, Ватерман потпишал „ужасен договор“, или „пеколна хартија“, како што го нарекуваат, а ќе го чини милиони долари ако некогаш зборува за аферата со Крис Џенер.

Тој не смее да го спомнува ниту нејзиното име, ако сака да го заштити својот имот.

Ватерман имал 23 години и бил професионален фудбалер, а уште во 1989 година, кога започнал „дива“ афера со Крис, која во тоа време имала 34 години, била мајка на четири деца и сопруга на познат адвокат од Беверли Хилс, Роберт Кардашијан.

Двегодишната афера го прекина нејзиниот брак со Роберт, од кого подоцна се разведе.

Извор близок до нив неодамна изјави:

– Крис си поигра со чувствата на Вотермон и плачејќи му рече дека треба да ги потпише документите за да заштеди сè за што напорно работеше во последните години – започна изворот.

– Сега сиротиот човек никогаш не смее да пишува мемоари за неговиот живот – во кој Крис е само еден дел, но значаен. Ова само покажува колку е немилосрдна Крис. Никогаш не сметала дека Ватерман ќе зборува за договорот – заклучил изворот.

escort - Korsan taksi