Поранешниот на Ријана изнајми цел стадион за романтична вечера со девојка

11 јули, 2021
drake-2-830x0

Ништо од Ким Кардашијан, Дрејк сè уште се труди околу оваа девојка

Раперот Дрејк (39) го изнајми целиот бејзбол стадион ЛА Доџерс за да има приватност на романтична вечера со Џоана Леи.

Иако многумина не би помислиле дека можат да имаат приватност и романтика на стадион, Дрејк покажа дека тоа е можно.

Раперот го изнајми целиот стадион за да се сретне со девојката, а тие седеа на теренот покрај третата база. На масата имаше цвеќиња и разновидна храна. Тие беа видно расположени, додека келнерот ги служеше.

ТВ-репортерот Крис Кристи случајно се најде на стадионот и ја фотографираше популарната двојка на романтичниот состанок.

– Случајно прелетав покрај оваа двојка која имаше пријатна вечера на празниот стадион Доџерс – напиша репортерот.

Да се потсетиме, откако се дозна за разводот на Ким Кардашијан и Канје Вест, светските медиуми ги поврзаа Ким и Дрејк, но се чини дека раперот ужива во својата љубов со Џоана и се обидува да и приреди моменти за паметење.

escort - Korsan taksi