Последен емотивен поздрав на Васил за неговиот татко Зафир Хаџиманов: „Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа ужасна болест“

29 март, 2021
vasil hadzimanov

Легендарниот македонскиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов (77) завчера почина од последици на Ковид-19 во Белград.

Дел од медиумите, повикувајќи се на негов статус од 5-ти март, објавија дека тој и неговата сопруга се вакцинирале, па многу е веројатно дека бил заразен пред ревакцинација.

Васил Хаџиманов, познатиот џез музичар и син на Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ, со емотивна порака на Фејсбук се прости од својот татко. „Денеска почина мојот татко Зафир. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа ужасна болест.

Позади себе остави вистинско богатство, од песните што така мајсторски лесно ги интерпретираше, преку неговите многубројни и разновидни композиции, книги поезија и проза, па сè до неповторливите улоги во театар и на филм.

Но, пред и над сè, на своето семејство и на најблиските секогаш несебично им ја даваше својата неизмерна љубов, внимание и поддршка.

Неговиот непобедлив дух, способноста да се снајде во секоја ситуација и да остане на нозе, енергија за сè што работи секогаш да го прави тоа со целото свое битие, а притоа и истовремено да биде врвен шмекер.. Тоа мора да се памети. Да се памети и да се почитува! Те сакаме тато и засекогаш ќе ни недостасуваш!“, напиша Васил на неговиот Фејсбук профил.

Преземено од mkvesti.mk

escort - Korsan taksi