Потегот на Берни Сандерс откако стана мем го воодушеви народот: „Мораш да го сакаш“

25 јануари, 2021
bernie-sanders-emebd

Маица со виралната фотографија од Берни Сандерс сега може да стане дел од вашата гардероба, пишува CNN.

Фотографијата на која седи со скрстени нозе стана мем, а неговиот стил на облекување беше наречен „мрзлив шик“. Затоа соработниците на кампањата на Сандерс решија да ја искористат ситуацијата и во продажба да пуштат маици со сега веќе легендарната фотографија на „мрзливиот Берни“, која инспирираше безброј мемови.

Целиот приход е наменет за организацијата Meals on Wheels, кој работи во матичната држава на Берни, Вермонт, и обезбедува бесплатни оброци на лица на возраст под 60 години со хронични заболувања и попречености.

Спортската блуза со долги ракави од памук чини 45 долари и е произведена во САД.

Но, се чини дека е популарно како мемото затоа што во моментов е распродадено поради големата побарувачка, стои на веб-страницата на Берни преку која се нарачува. Потенцијалните купувачи се предупредени дека можеби ќе треба да почекаат до осум недели за нејзината испорака.

Истомислениците на Сандерс и бројни други луѓе од целиот свет го пофалија неговиот потег на социјалните мрежи.

„Како да не се сака симпатичниот Берни Сандерс кој продава спортска кошула со мем и 100 проценти од приходите одат во добротворни цели“, твитна еден корисник.

Пред три дена, Сандерс коментираше бројни реакции за учество на инаугурацијата.

„Па, јас само седев таму, се обидував да се загреам и да обрнам внимание на она што се случува околу мене“, рече тој со насмевка за време на виртуелното гостување во Late Night Show.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris