Потврдената нова сезона од серијата која го потресе интернетот, еве што сѐ е познато

28 септември, 2021
Screenshot_1

Sex/Life ќе ја доживее втората сезона, на задоволство на многумина

Откако ги оставија гледачите со спуштена вилица, хитот на Netflix „Sex/Life “ конечно потврди дека втората сезона е на пат. Без разлика дали ја проголтавте секоја епизода во текот на денот или не ви се допадна заплетот, факт е дека не останавте рамнодушни.

Така беше и со неколку илјади гледачи кои ги снимија своите реакции за „сцената под туш“ (да не ве уништиме ако сѐ уште не сте почнале да гледате), а Sex/Life објави среќни вести за следната сезона со споделување монтажа од реакции на обожавателите, заедно со натписот: „Дали сте подготвени за уште? Sex/Life  ќе се врати наскоро “, гласеше објавата на Instagram.

Иако нема нови сцени или најави од новата сезона, неодамна беше откриено дека најмалку 20 милиони луѓе ја премотуваат сцената за да го видат ликот на Адам Демос, Бред, во соблекувалната, а 67 милиони домаќинства ја гледале оваа серија.

Што е познато за втората сезона на серијата „ Sex/Life “?

Беше кажано дека актерската екипа како што знаеме ќе се врати во шоуто, а Сара Шахи ја повтори својата улога како Били Коноли. Мајк Вогел ќе биде нејзиниот сопруг Купер, Адам Демос како поранешен љубовник Бред и Маргарет Одета како најдобра пријателка на Саша.

Сара ја сподели веста на Instagram набргу откако одговори Netflix, порачувајќи им на фановите: „ Part deux доаѓа наскоро … Благодарение на оние што нѐ донесоа тука“. Нејзиниот партнер од вистинскиот живот, Адам, исто така, предизвика реакција на обожавателите коментирајќи за нејзиниот пост: „Јеееееееееееее“.

Покрај тоа, единствено е познато дека ќе се емитува некаде во 2022 година, но точниот датум не е познат. Иако напишаа дека ќе биде „наскоро“, веруваме дека нѐ очекува најмалку половина година љубопитност.

escort - Korsan taksi