Поубава од кога и да било, а погледот не е лесно да се тргне дури и од голиот и мускулест изглед на нејзиниот згоден партнер!

8 март, 2021
Screenshot_12

Кети Пери и Орландо Блум во моментов се на одмор на егзотичните Хаваи каде ја зедоа и нивната шестмесечна ќерка Дејзи.

Пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум станаа родители на малото девојче Дејзи пред шест месеци, а среќното семејство моментално ужива во заслужениот одмор на егзотичните Хаваи.

Таму ги фатија папараците, а по тој повод Кети блескаше во виолетов костим за капење и го покажа своето тело за прв пат по породувањето, уживајќи на една од песочните плажи. На едно од неодамнешните интервјуа, пејачката откри дека работи на враќање на својата стара линија и врвна форма, а според последните фотографии, се чини дека ѝ оди многу добро, и изгледа прекрасно вака!

„Никој не ти кажува ништо што се случува во првите шест недели откако ќе родиш бебе. Тоа е како возење на див тобоган. Тоа значи породување, а потоа враќање на работа и доење. Се прашував дали жените навистина го прават тоа“, изјави неодамна Кети , но се чини дека таа сепак добро го трпи сето тоа.

Патем, отсекогаш била голем љубител на секојдневни тренинзи и одење во теретана, часови по јога и пилатес.

„Кети се стреми да вежба пет пати неделно, правејќи кратки тренинзи со висок интензитет кои вклучуваат вежби со исчекор и вежби за колкови. Вежбите се едноставни, го подобруваат нејзиниот метаболизам и можат да се прават насекаде“, открил нејзиниот личен тренер Харли Пастернак.

escort - Korsan taksi