ПОВТОРНО МУ СЕ ПОТСМЕВААТ Марк Закерберг е голем паничар?

3 јуни, 2021
profimedia-0612830451

Основачот на Facebook, Марк Закерберг и возачот на Формула 1, Луис Хамилтон ги поврзува љубовта кон морските радости

Додека едниот ужива непречено во сонцето и морето, другиот е преплашен од морски чудовишта. За време на одморот во Франција со поранешниот колега Нико Розберг, 36-годишниот Хамилтон беше снимен како изведува акробации на џет-ски. Од друга страна, Закерберг ги поминува деновите на сурфање на Хаваи, но со многу претпазливост, па неговата даска има шара на зебра на долната страна, што наводно одбива ајкули.

Покрај тоа, 37-годишникот завиткал „паметен“ додаток околу глуждот – лента што емитува електрични бранови, а тие исто така ги бркаат морските предатори подалеку од милијардерот. Иако неодамна стана предмет на потсмев на социјалните мрежи затоа што беше снимен како сурфа со огромна количина на крема за сончање на лицето, за првиот човек на Facebook не можеме да кажеме дека не знае што прави на отворено море. Тој објави видео од неговото сурфање на Instagram и покажа солидни вештини, а доби и пофалби од славниот сурфер Каи Лени.

Набргу по објавувањето на фотографиите, Марк го задеваа снаодливите членови на форумот споредувајќи го со Џокер и лик од хит филмот „Татко во здолниште“. Како што беше истакнато во некои од коментарите на Twitter, веројатно станува збор за крема за сончање со цинк оксид што создава таков бел филм на лицето, а особено е практичен за сурферите кои поминуваат неколку часа на силна сончева светлина, така што немаат време или можност да го нанесуваат кремот постојано и со тоа да се заштитат од опасните УВА и УВБ зраци.

escort - Korsan taksi