Познатата актерка смисли како да дојде до совршената линија за пет минути дневно

6 јули, 2021
profimedia-0504063453

Со текот на годините, таа сфати каков вид вежба и одговара највеќе

Латиноамериканската актерка Салма Хајек (54) изгледа подобро од кога било. Линијата на која многумина би и завидувале, открива, ја одржува со вежба која трае само пет минути, а и помага да ги активира сите мускули во телото.

„Сакам јога и смислив рутина за пет минути вежбање што работи на целото тело. Следниот ден, сè боли, но додека ги изведувате вежбите, не чувствувате ништо“, рече таа. Мајката на 13-годишната Валентин Паломе Пинол вели дека сега се сака себе си и своето тело повеќе отколку кога имала триесет години. „Ми се допаѓа мојата возраст. Постигнување е да се има 54. Имав криза во триесеттите години, но сега сум благодарна и се чувствувам благословена. Сепак, побрзо се уморувате со возраста, но мислам дека човекот навистина старее кога ќе престане да се занимава со себе си“, вели Хајек, која уште еднаш ја докажа својата физичка подготвеност во најновиот филм„ Телохранителот на сопругата на Хитман“. ‘Мојата омилена сцена од филмот е борбата со неколку момци. Беше многу забавно. Исто така, морав да направам акробации во водата, што исклучително ме израдува“, истакна таа.

Сепак, актерката, која се прослави со улогата во „Десперадо“, а потоа и во „Фрида“, смета дека воспитанието на нејзината ќерка, која ја доби со француски претприемач, 59-годишниот Франсоа-Анри Пино е најголемото достигнување во нејзиниот живот. „Или ќе стане режисер или адвокат. Можам да кажам дека има многу талент како писател и режисер, но и како актерка. Таа е разноврсна, за само два месеци научи да свири пијано, гитара и укулеле, па затоа и се отворени многу врати“, рече Салма Хајек.