Познато е кој сѐ ќе може да влезе на овогодинешниот EXIT фестивал

16 јуни, 2021
dance-arena-830x0

Прво, фестивалите што се одржаат во јуни и јули – Arsenal и EXIT- добија дозволи, додека августовските фестивали ќе ги добијат во блиска иднина.

Обединетите фестивали на Србија добија одобрение од Кризниот штаб да се одржиат ова лето. Условите за организирање на фестивалите беа претходно презентирани преку безбедносниот протокол Safe Events Serbia- влезот е контролиран и ограничен на оние кои се вакцинирани, имаат антитела по прележување на вирусот Ковид-19 или се негативни на PCR или брз тест на антиген. Протоколот се заснова на најновото научно истражување спроведено низ Европа, кое докажа дека, со наведените ограничувања при влегување во настани, ризикот од ширење на инфекцијата е скоро занемарлив, а самите фестивали стануваат најбезбедни места за собирање во земјата. Прво, фестивалите што се одржаат во јуни и јули – Arsenal и EXIT – добија дозволи, додека августовските фестивали ќе ги добијат во најблиска иднина.