Пoглед од 2,78 милиони УСД: Никол Кидман купува 4-ти стан во истата зграда, еден го користи како канцеларија

15 јуни, 2021
nikol-kidman apartman

Новиот стан, за кој Никол Кидман плати 2,78 милиони долари, се наоѓа веднаш под нејзиниот пентхаус и има прекрасен поглед кон пристаништето.

Австралиската актерка Никол Кидман (53) штотуку купи стан во Сиднеј за 2,78 милиони долари.

Имено, холивудската актерка купи стан во ексклузивната зграда „Latitude“, каде веќе го има својот пентхаус.

Новиот стан, за кој таа плати 2,78 милиони долари, се наоѓа веднаш под нејзиниот пентхаус и има прекрасен поглед кон пристаништето.

Станот се состои од две спални соби и две бањи, а дневната соба има прозорци од подот до таванот и широк покриен балкон.

Исто така постои и отворена кујна, а станарите можат да користат затворен базен, сауна и теретана.

Никол и нејзиниот сопруг Кит Урбан сега имаат четири апартмани во оваа зграда. Нивниот пентхаус се состои од 2 посебни апартмани. Тие го купија првиот дел од пентхаусот во 2009 година и платија 6 милиони долари, а три години подоцна го зедоа соседниот дел за 7 милиони долари.

Тие поседуваат и друг стан за кој платиле 2,68 милиони долари и го користат како канцеларија.

Погледнете фотографии од новиот стан во галеријата подолу.

escort - Korsan taksi