Преслатко бебе: Пере од Нокаут ја покажа потпораснатата ќерка (ФОТО)

12 мај, 2021
пере

Пејачот Никола Перевски, Пере од Нокаут минатата година кон крајот на ноември ја доби најсреќната вест и уште еднаш во животот стана татко. Тој го доби своето трето дете, ќерката која ја крси Софиа.

Тогаш пејачкот не се огласи за радосните вести, туку нив ги сподели неговиот брат, кој откри дека станал чичко, а по некое време и Пере ја објави првата фотографија со новиот член во семејството.

Пејачот не е многу активен на социјалните мрежи, но од време на време знае да објави некој убав момент како овој во кој ужива во заедничките моменти со неговата наследничка, овекувачувајќи ги со заеднички фотографии.

Пере сега сподели преслатка фотографија на која се гледа како ја држи својата ќеркичка која сега е веќе потпорасната и има седум месеци.

Под објавата се нижеа коментари, а меѓу нив се најде и оној на Тијана Дапчевиќ која напиша: „Софкааа, љубов“, како и на Илина Арсова: Големо бебе.

Потсетуваме, Пере веќе ги има ќерките Михаела (21) и помалата ќерка Каја (13) од првиот брак со ТВ новинарката во МТВ Александра Спировска.

Преземено од skopje24.mk

escort - Korsan taksi