ПРЕЖИВЕА БОМБАШКИ НАПАД И СМРТ НА ВЕРЕНИКОТ: После драмата во животот на младата пејачка, едно ДА – се омажи Аријана Гранде!

18 мај, 2021
arijana

Таа застана на лудиот камен пред семејството и пријателите!

Светски познатата пејачка Аријана Гранде се омажи за Далтон Гомез по неколку месеци врска!

Веста за бракот ја потврди нејзиниот портпарол на списанието „Пипл“.

“Венчавката беше мала и интимна, на неа присуствуваа помалку од 20 луѓе. Двојката е пресреќна, како и нивните семејства”.

Вака изгледа нејзиниот сопруг:

Arijana Grande

Во последниве години, Аријана беше во центарот на вниманието на медиумите поради бурните односи, самоубиството на нејзиниот поранешен свршеник Мека Милер, но и бомбашот кој уби неколку десетици луѓе на нејзиниот концерт!

Аријана одржа концерт во Манчестер во 2017 година, а бомбаш-самоубиец се разнесе пред салата и уби 22 лица, додека стотици беа повредени. Аријана успеа да одржи добротворен концерт за семејствата на жртвите само две недели подоцна.

Една година подоцна, нејзиниот поранешен партнер, раперот Мекмилер, изврши самоубиство. 26-годишниот Милер беше пронајден мртов во неговиот дом во Калифорнија и се сомневаше дека Милер предозирал.