Пријанка Чопра во жешко издание откри дека е во топ форма

5 февруари, 2021
пријанка

Пријанка Чопра, индиска актерка која своевремено ја освои ласкавата титула Мис на светот, успешно гради кариера во Холивуд, а убавината секако нема да ѝ пречи на патот.
Темнокосата убавица ги краси страниците на познатото списание Elle каде уште еднаш докажа зошто многумина ја сметаат за една од најубавите актерки од нејзината генерација во Холивуд.
На интересна фото-сесија за британското издание на списанието „Elle“, Пријанка позираше во оскуден топ и жешки панталони, откривајќи дека е во топ форма и дека брачниот живот во карантин со сопругот Ник Јонас од „Браќа Јонас“ не ѝ наштетил на нејзината фигура воопшто.

Фотографиите ги сподели и на својот Инстаграм профил, каде ја следат 60 милиони обожаватели, а комплименти, секако, не изостанаа. За краток временски период, Пријанка заработи скоро милион лајкови со бројни комплименти заради нејзината убавина.
Во оваа фотосесија стилизирана од Аурелија Доналдсон, Пријанка носеше ефективни стајлинзи инспирирани од спортски стил, а фокусот беше на чизмите со високи изјави потпишани од Александар Меквин.

Ѕвездата на серијата „Квантико“ во интервју за Ел, меѓу другото, рече дека била шокирана откако 10 години помладиот Ник Јонас ја запросил по само два месеци врска.

escort - Korsan taksi