Принцот Чарлс нема да присуствува на откривањето на статуата на принцезата Дијана бидејќи настанот може да ги отвори старите рани

29 јуни, 2021
1489808

Британската јавност и обожаватели на британското кралско семејство ширум светот со нетрпение го очекуваат четврток и откривањето на статуата на покојната принцеза Дијана во палатата Кенсингтон по повод нејзиниот 60-ти роденден. Се верува дека овој настан може да ја намали тензијата помеѓу принцот Вилијам (39) и принцот Хари (36). А нивниот татко, принцот Чарлс,нема да присуствува, бидејќи плаши дека може да се отворат некои стари рани.

И кога војводите од Кембриџ и Сасекс последен пат и оддадоа почит на својата сакана мајка заедно на 1 јули 2017 година, на приватна миса на нејзиниот гроб на имотот Алторп, принцот од Велс беше илјадници милји далеку од нив, во официјална посета на Канада.

„Навистина му е тешко. Овие моменти можат да отворат стари рани и да ги вратат спомените; среќни и тажни“, изјави пријател на принцот Чарлс за „Тајмс“, додавајќи дека од смртта на принцезата Дијана тој верува дека е најдобро да ги чува тие спомени за себе и да остави сè на неговите синови.

Друг извор претходно откри за „Сан“ дека принцот Чарлс јасно ставил до знаење дека нема да биде на настанот затоа што оди во Шкотска.

„Нема планирана средба меѓу нив тројца. Чарлс ќе им го остави тоа на своите синови“, додаде изворот.

Принцот Вилијам ќе ја посети статуата на покојната мајка на приватна посета со неговата сопруга и децата пред официјалното откривање на кое ќе му се придружи неговиот брат, принцот Хари. Се верува, дека принцот Хари исто така ќе ја посети статуата одделно, но по пристигнувањето од Калифорнија тој моментално е во карантин во неговата куќа Фрогмор во Виндзор.

Вилијам и Хари ќе одржат одделни говори, оддавајќи почит на наследството на нивната мајка.

Откако принцот Вилијам замина во САД минатата година, браќата едвај се виделе и сите имаат големи надежи дека Кејт Мидлтон ќе дејствува како миротворец меѓу нив. Сепак, сè уште не е познато дали таа ќе му се придружи на сопругот на овој настан.

escort - Korsan taksi