Промени само една навика и ослабе 20 килограми: Еве како Дру Баримор ја доведе линијата до совршенство!

17 јануари, 2021
138625_profimedia0175804492_ls

Актерката открива докажан рецепт за совршен изглед

На 45-годишна возраст, таа може да се пофали со совршена фигура, но патот до идеалната линија не беше воопшто лесен, како што признава и самата.

„Како некој што сака мрсна и тешка храна, ми беше тешко да се навикнам на новата исхрана, но денес со 20 килограми помалку се чувствувам подобро од кога било. Дефинитивно вредеше“.

Таа ја припишува целата заслуга за витката линија што сега ја има на нејзиниот личен тренер, Марни Алтон. „Ми помогна. Ме излечи. Ме охрабри да продолжам понатаму кога почувствував дека губам сила и волја“. „Кога сменив само една навика и наместо да легнам и да гледам филм, го искористив тоа време за вежбање, килограмите почнаа да исчезнуваат“, искрена е актерката.

Актерката ја редуцираше исхраната, но убедена е дека најголемата трансформација ја доживеа благодарение на редовните тренинзи кои се состојат од три сегменти. Кардио вежби, вежби за сила и истегнување. Овие три чекори се неопходни за време на секој тренинг со цел да се согорат масните наслаги, да се обликуваат мускулите на вретеното и да се спречи воспалението.

„Понекогаш тренингот изгледа вака: Пуштаме гласна музика и играме. Танцувањето согорува многу калории и е многу забавно”, вели Дру.

Таа вежба 3 пати неделно 40 минути. Иако не ѝ е омилен дел од денот, признава дека по завршувањето на тренингот се чувствува многу подобро и физички и психички.

Вели дека е потребно време за промената да биде видлива и ги советува сите што сакаат да изгубат килограми да се вооружат со трпеливост. „Напредокот се случува во милиметри, а не во милји“, Тоа го научив од мојот инструктор и ме мотивира да продолжам.

„Најдов рамнотежа и се чувствувам одлично. Ми требаа 45 години да сфатам дека никој не може да биде совршен, но подобро подоцна од никогаш”.

Што се однесува до исхраната, не следи ригорозна исхрана, туку се обидува да јаде поздрава и полесна храна. Порано јадеше хамбургер или пица, а денес е малку месо и многу зеленчук.

Исто така, внесува многу течности во организмот и нагласува дека е исклучително важно.