Протекоа детали за новите епизоди на „Сексот и градот“, фановите се шокирани: Нѐ очекува „голема“ смрт!

10 август, 2021
profimedia-0624976364-830x0

Како што се снимаат нови продолженија на серијата „Сексот и градот“, во јавноста се појавуваат нови детали.

Враќањето на славната „Ѕверка“ го потврди самата Сара Џесика Паркер, која објави заедничка фотографија на „Инстаграм“ и ги воодушеви фановите на серијата, но веста што избега од сетот веројатно нема да го има иститот ефект.

Имено, „Daily Mail“ пренесува дека извор близок до тимот на серијата открил дека еден од главните ликови ќе умре во првата епизода, со што започнаа шпекулации за тоа кој би можел да биде.

Некои мислат дека тоа е „Ѕверката“, додека други веруваат дека е ликот на Саманта, бидејќи актерката Ким Катрал одби да учествува во новите продолженија.

Изворот тврди дека продуцентката Сара Џесика Паркер сака „да ја размрда публиката и да им покаже нешто различно од она на што се навикнати во претходното издание, нешто каде што сè може да се случи и секој може да си замине, исто како и во реалниот живот“.