Првиот трејлер за последната сезона на „La Casa de Papel“: Сите се прашуваат – што ќе се случи со омилениот пар?

4 август, 2021
Good-news-for-fans-of-La-Casa-de-Papel-1024x576

Нетфликс објави трејлер за петтата и последна сезона на шпанската хит серија „La Casa De Papel“.

Последната сезона ќе биде поделена на два дела. Првиот дел од прошталната сага ќе дебитира на 3 септември, а останатите епизоди ќе бидат објавени на 3 декември.

Официјалниот синопсис наведува дека тие се затворени во шпанската банка 100 часа. Успеаја да ја ослободат Лисабон, но мрачните моменти се пред нив.

Трејлерот открива и што се случува со омилениот пар од серијата, Токио и Рио.

Инспекторката Сиера го уапси професорот и за прв пат, тој нема резервен план за бегство. И токму кога мислат дека ништо повеќе не може да тргне наопаку бидејќи ситуацијата е безнадежно лоша, тие ќе се соочат со многу помоќен непријател отколку што очекуваа.

Серијата за разбојниците на националната фабрика за пари започна да се емитува во 2017 година на шпанската телевизија, но по неуспехот во матичната земја и малиот број гледачи, таа доби далеку поголема популарност на Нетфликс, кој продолжи да ја снима серијата.

escort - Korsan taksi