Публиката е збунета од новиот филм на ѕвездата на „Сексот и градот“, им порача дека целосно ги разбира зошто се изненадени од крајот на филмот

29 март, 2021
Screenshot_4

Кристин Дејвис глуми во новиот филм „Deadly Illusions“, а на фановите на Instagram им порача дека целосно разбира зошто се збунети од крајот на филмот.

Актерката Кристин Дејвис на социјалните мрежи ги сподели своите реакции на коментарите на обожавателите кои беа збунети од нејзината улога во најновиот филм „Смртоносни илузии“. Во трилерот на Netflix, 56-годишната Кристин глуми писателка која има блок за пишување и мораше да ја ангажира дадилката откако нејзиниот сопруг ризикуваше една инвестиција со коцкање.

Фановите се збунети од крајот на филмот, кој на сите им е недовршен. „Јас ве разбирам сите”, им порача актерката во коментарите. Sвездата од „Сексот и градот“ сподели фотографија на Instagram со колегите од новиот филм и доби еден куп коментари.

„Те молам, објасни ни го крајот“, „Филмот ми беше многу непријатен“, „На сите им велам дека треба да го гледаат ова, но крајот ме вознемирува“, „Што се случи на крајот?“, Се само некои од коментарите од многуте следбеници на славната актерка.

Претходно, актерите од филмот објавија дека постои можност нивните обожаватели да бидат многу збунети. „Смртоносни илузии“ во моментов е во топ 10 најгледани изданија на Netflix и воедно најгледан филм на една од најголемите стриминг услуги.

escort - Korsan taksi