,,Разгладуваме па ќе одлучиме за претставникот на Евросонг “, вели шефицата Мери Попова по реакциите за Васил Гарванлиев

17 март, 2021
mrtv

По реакциите на јавноста и споделените петиции, дека Васил Гавранлиев не треба да биде македонскиот претставник на Евровизија годинава, Македонската Радио Телевизија одлучи да оформи интерна комисија, која откако ќе ја разгледа и анализира состојбата, ќе одлучи што понатаму за овогодинешниот претставник.

„МРТВ по сите реакции на јавноста за овогодинешниот претставник на Евросонг, оформи интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти и се поврзано за проектот Евросонг.

Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската Радиодифузна мрежа, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија.

Јавноста ќе биде дополнително информирана која е конечната одлука на МРТ “, изјави Мери Попова, шефица на македонската делегација на Евровизија за „Репортер“.

До ова дојде по бурните реакции на јавноста во врска со Васил Гарванлиев, поради видео спотот на евровизиската песна, откако уметничкото дело поставено во галеријата Даутпашин амам беше протолкувано како бугарско знаме, како и поради двојно државјанство на Гавранлиев и неговата изјава дека баба му потекнува од Бугарија.

Спотот е повлечен и објавена е нова верзија каде се отстранети неколку кадри, а и самиот Гарванлиев преку социјалните мрежи се извини на сите кои се почувствувале повредени. “Во моментот кога дознав дека луѓе се погодени и грешка е сфатено тоа дело во музејот, направив чекор, спотот се смени, се истргнаа тие и го објавивме одново.

Во музика нема политика, нема раса, нема боја. Има љубов, има човештво, има енергија. Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно, многу случајно, јас се извинувам од сè срце. Не се извинувам за тоа што сум јас, но ако имам повредено некој, кој и да сте, прости ми”, рече Васил Гарванлиев.

За потсетување, поради пандемијата лани натпреварот не се одржа, МРТ и годинава го потврди неговото учество. Тој ја сними песната Here I Ѕtand, која ја напиша самиот. Во меѓувреме не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи, а се појавија и политичари со поддршка, но и со критика за Гарванлиев.

Преземено од Reporter.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris