РАЗВОДОТ НЕ ГО РАСИПА НИВНИОТ ОДНОС: Џеј Ло на симпатичен начин му го честиташе Денот на таткото на поранешниот сопруг
Многумина беа изненадени кога латино дивата пред неколку дена го бакна Бен Афлек пред нејзиниот поранешен сопруг, но за оние кои го следат нејзиниот живот, тоа не е изненадување бидејќи е познато дека таткото на нејзините деца е нејзиниот најдобар пријател.
Џенифер Лопез и Марк Ентони беа во брак цела деценија и заедно ги имаат синот Макс и ќерката Ема Мунјиз, а седум години по разводот, оваа поранешна двојка функционира одлично.
Затоа не е изненадувачки што пејачката и актерка реши и јавно да му го честитаат на својот поранешен Денот на таткото. Таа објави приказни на Инстаграм каде гледаме неколку фотографии од семејниот албум – на нив Марк ги прегрнува и носи своите деца, си игра со нив, а има и фотографија на која е собрано ова четиричлено семејство додека се дуваат свеќите, се смејат и се гушкаат.
„Среќен ден на таткото, Марк Ентони“, напиша Џенифер.
Пејачите, инаку, честопати поминуваат време заедно поради своите деца, а неодамна беа видени како уживаат на ручек и разговараат сами во еден ресторан. Тие исто така се заедно на семејни прослави, па Марк неодамна беше гостин на забавата за 50-тиот роденден на сестрата на Џенифер, Линда, токму ноќта кога Џеј Ло и Бен Афлек беа фотографирани како страсно се бакнуваат, првпат откако се смирија.