РЕАГИРАШЕ ПОЛОШО ОД КИМ! Еве што мисли Бредли Купер за романсата помеѓу Ирина Шајк и Канје Вест

11 јуни, 2021
322298_bredli-kuper-irina-sajk_ff

Веста дека руската манекенка е во врска со американскиот рапер ја шокираше светската јавност, но веројатно никој не е изненаден како поранешниот свршеник на Ирина и татко на нејзината ќерка Бредли Купер

Канје Вест (44) и Ирина Шајк (35) дефинитивно се во врска – тоа веќе не е тајна! Двојката беше фатена за време на романтичен одмор во Прованса, каде отпатуваа заедно да го прослават роденденот на раперот, а потоа се вратија во Америка.

Додека сеуште само се шпекулираше дека раперот и манекенката се гледаат, американските медиуми објавија што сè уште легалната сопруга на Канје, Ким Кардашијан, мисли за тоа. Меѓутоа, многумина се интересираат за тоа како се чувствува актерот Бредли Купер, со кого Ирина Шајк беше четири години и заедно ја имаат ќерката Леа де Сена. Според списанието In Touch, Бредли не е воодушевен!

– Прашање е во моментот кога тоа ќе влијае на животот на неговата ќерка Леа. Бредли е многу заштинички настроен кога станува збор за неговата ќерка – изјави извор близок до холивудскиот актер. Затоа, според неименуван извор, тој „се надева дека оваа врска брзо ќе пропадне“.

Во јуни 2019 година, Бредли Купер и Ирина Шајк ја раскинаа четиригодишната врска и свршувачка и го поделија старателството над девојчето, со кое често поминуваат време заедно. Пред само неколку дена, ова среќно семејство беше видено во еден парк во Њујорк, а на медиумите не им избега насмевката на лицето на Бредли додека разговараше со мајката на неговата ќерка…

escort - Korsan taksi