Reboot-от на „Сексот и Градот“ ќе го гледаме поскоро отколку што очекувавме!

8 октомври, 2021
profimedia-0622404757-790x527

Иако веќе сме добро запознаени со изгледот што актерките го носеа на сетот, и наводно протекоа некои детали од сценариото, заплетот за рестартoт на серијата „Сексот и градот“ ни е сеуште непознат, што, признаваме, сакаме да откриеме.

Во новите епизоди од серијата што го следеше животот на сингл жени во триесеттите години од животот пред дваесет години, тие сега ќе ги донесат подемите и падовите на мажените жени во педесеттите години на малите екрани. Каде се сега Миранда и Стив? Со какви предизвици се соочува Шарлот, мајка на тинејџерка? Дали односот помеѓу Кери и Биг се уште е бурен?

Големо разочарување предизвика одлуката на Ким Катрал да не учествува во овој reboot, што ги натера сите обожаватели на серијата да се прашуваат каде е сексот во „Сексот и градот“ без Саманта, како и ненадминливите „puns“.

Сите обожаватели, и секако, колеги од серијата, беа тажни од веста дека Вили Гарсон, познат како Стенфорд Блач, починал по кратка и тешка болест.

И покрај тоа, или токму во чест на актерот што не радуваше од сезона во сезона, со нетрпение очекуваме нови епизоди. И со краток тизер што не носи до сетот на серијата „And Just Like That“, беше објавено дека ова исчекување е при крај и започнува ново поглавје на HBO Max – веќе во декември 2021 година!