РЕШЕНА МИСТЕРИЈА! Оваа сцена од Титаник долго време беше предмет на контроверзии, а РЕЖИСЕРОТ конечно откри зошто го остави Џек во ОКЕАНОТ!

20 септември, 2021
85093_tit21_f

Филмот „Титаник“ е снимен во 1997 година, а сцената за која најмногу се расправаше е онаа во која Леонадро Ди Каприо и Кејт Винслет плутаа во водата откако потона бродот.

Имено, секој што го гледал филмот отсекогаш се прашувал зошто Џек не успеал да легне покрај Роуз на пловечката врата среде океан, и така и тој да преживее.

Селин гостуваше во емисијата на Џими Фалон, каде што и постави прашање за кое сите расправаат веќе 20 години.

– Не ме ставај во непријатна позиција. Што ако планираат да снимаат уште едно продолжение на филмот – рече пејачката низ смеа.

– Прво, ако внимателно ја разгледате ситуацијата, Роуз може да е мртва или целосно замрзната и да не е целосно свесна за ситуацијата. Второ, не му треба покана за да се качи – рече таа.

Бидејќи оваа тема се дискутира со години, режисерот Џејмс Камерон неколку пати беше прашан зошто го остави Џек во ледениот океан.

„Мислам дека е навистина смешно да се води оваа дискусија 20 години подоцна, иако тоа покажува дека филмот беше многу влијателен бидејќи ги повреди сите кога умре Џек“, рече Камерон, додавајќи:

– Да преживееше, филмот немаше да има смисла. Сепак, овде се работи за смртта и разделбата. Мораше да умре.