РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА ЗА БЕБЕТО НА СУПЕРМОДЕЛОТ: Наоми Кембел ја откри тајната за која се шпекулираше долго време

1 септември, 2021
97084_h-55598146_f

Најуспешниот супермодел на сите времиња, Наоми Кембел (51) конечно зборуваше за мајчинството во едно интервју.

Таа отворено зборуваше за својот приватен живот за The Cut и откри дека, благодарение на нејзината сурогат мајка, ја добила ќерката, чие име сѐ уште не е познато во јавноста.

Супермоделот се осврна и на теми поврзани со бракот.

– Силна сум, но и полна со емоции. Знам дека морам да најдам компромис во врската – рекла манекенката.

Во 1993 година, моделот кратко се вери со басистот на U2, Адам Клејтон, а потоа и со контроверзниот италијански претприемач Флавиус Бријаторе. Таа беше во врска и со оскаровецот Роберт Дениро.

Манекенката рано одлучи дека целосно ќе се посвети на нејзината кариера, поради што нејзиниот приватен живот честопати страдаше. Наоми го објави раѓањето на девојчето на Instagram во мај оваа година, со што го оствари својот долгоочекуван сон. Името на девојчето како и нејзиниот татко не се познати во јавноста.

Супермоделот, исто така, сѐ уште не го покажува лицето на своето мало девојче, но затоа е среќна што споделува фотографии од своите модни комбинации на Instagram.

escort - Korsan taksi