Ретко споделува приватен момент, но сега Дарко Димитров пушти срце и покажа во каква убавица пораснала ќерката

2 јули, 2021
darko

Дарко Димитров е македонески текстописец, композитор и продуцентот односно со еден збор „мајстор за музичко дело“.

Многумина како од македонската, но и од регионалната естрада доаѓаат на негова адреса и од неговото студио излегуваат голем број на хитови.

Анастасија Ражнатовиќ, Емина Јаховиќ, Луна Ѓогани, Лина Пејовска, Илма Кархмет, Наташа Беквалац, Ана Николиќ….се само мал дел од уметниците кои соработуваат со Димитров.

„Кај мене ѕвезди нема, јас велам кога ќе дојдете кај мене јас сум ѕвездата. Не поради тоа што јас сакам да бидам ѕвезда туку поради тоа што мора да се спуштиме на ниво каде што сме никој и ништо за да може да дадеме максимум. Сите тие луѓе се преталентирани. Кога ги гледаме вака си мислиме дека некој им помогнал, но не е така. Мора да носиш нешто во себе, да го градиш со години, да знаеш да даваш за да ти дадат. Со нив имам слична енергија, ја примам нивната енергија, емоција, какви проблеми имаат во моментот“, изјави Димитров во една прилика.

Кога пак, станува збор за неговиот приватен живот тој не сака да го сервира на тацна, па многу ретко споделува фотографии со членовите на неговото семејство односно сопругата и двете ќерки.

Меѓутоа, овој пат, композиторот пушти срце, па на својот Инстаграм објави фотoграфија со наследничката Лара.

Имено, тој позираше покрај ќерката која пораснала во вистинска убавица.

„Дарко и Лара“, напиша тој покрај објавата.

Под истата доби и многу коментари, а меѓу нив од Јелена Томашевиќ, Тамара Тодевска, Калиопи.

Преземено од vistina.com.mk