РИЈАНА И ОФИЦИЈАЛНО МИЛИЈАРДЕРКА: За своето богатство НЕ МОЖЕ да му се заблагодари на пеењето!

6 август, 2021
Rihanna

Според листата на Форбс, Ријана стана милијардерка, а со тоа и најплатена пејачка во светот.

Популарната пејачка беше прогласена за најбогата музичарка во светот, и може да и се заблагодари за тоа на својата компанија „Fenty Beauty“, која ја основа во 2017 година, објавено е на листата на Форбс.

Нејзиното богатство се проценува на 1,7 милијарди долари, а наводно, таа го стекнала најголемиот дел од својот имот, 1,4 милијарди долари, од нејзината козметичка линија „Fenty Beauty“, која е 50% сопственост на неа.

Поголемиот дел од богатството доаѓа од нејзината компанија за долна облека „Savage X Fenty“, во вредност од 270 милиони долари, проследена со заработка од музичка и актерска кариера. Затоа не е изненадувачки што таа одлучи да се почасти и да купи билет за туристички лет во вселената.

SEPHORA ❤ Fenty Beauty by Rihanna] Rihanna en España Septiembre 2017 -  YouTube

Fenty Beauty е во половина сопственост на Ријана, додека 50 проценти припаѓа на француска компанија во сопственост на вториот најбогат човек во светот, Бернард Арно.

До 2018 година, линијата и донесе повеќе од 550 милиони долари приход и ги надмина другите познати брендови како Кајли Џенер, Ким Кардашијан и Џесика Алба.

Пејачката поседува два луксузни домови во Беверли Хилс и два луксузни апартмани.