РИЈАНА НАЈАВИ НОВ АЛБУМ: По пет години, пејачката се врати во студио

24 септември, 2021
124442_rijana_f

Во ново интервју за медиумите, Ријана наведува дека „експериментира“ со својот нов, деветти студиски албум.

Таа тврди дека нејзината нова музика ќе звучи сосема поинаку од сѐ што издала досега.

– Не можете ни да замислите како ќе звучи мојот нов албум – изјави Ријана за насобраните медиуми за време на снимањето на модната ревија „Savage X Fenty“, чија премиера ќе биде овој петок на Амазон.

Поминаа точно пет години откако го објави својот последен студиски албум „Anti“, кој ги вклучува хитовите како  „Work“, „Love on the Brain“ и „Needed“. Таа вели дека официјално започнала да работи на албумот од 2020 година.

– Сѐ што досега слушнавте од мене, нема да биде на албумот. Музиката е како мода, и треба да експериментирате со неа. Можам да носам што сакам, и така се чувствувам кога станува збор за музиката – рече пејачката.

Сѐ уште не го потврди официјалниот датум на објавување на новиот студиски албум.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris