РИЈАНА НЕНАДЕЈНО ОДЛУЧИ ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ ТУЖБАТА Веќе две години се на суд, а сега се премисли – имаше силна причина

9 септември, 2021
Screenshot 2021-09-09 170214

Очигледно, соочувањето на Ријана на суд со нејзиниот татко Роналд Фенти нема да се случи, бидејќи пејачката се премисли.

Имено, таа го обвини својот татко за злоупотреба на нејзиното име, се во корист на нејзината компанија, поради што во 2019 година поднесе тужба против него за лажно рекламирање и повреда на приватноста. Таа, исто така, изјави дека нејзиниот татко, без нејзино знаење, организирал турнеја во Јужна Америка, настапи во Лос Анџелес и Лас Вегас.

Судењето требаше да започне на 22 септември, но Ријана ја повлече тужбата на 7 септември.

Причината не е наведена, но американските медиуми пренесуваат дека Ријана постигнала вонсудска спогодба со нејзиниот татко и неговиот деловен партнер. Познатата пејачка и најбогата музичарка во светот веќе долго време е во лоши односи со нејзиниот татко, кој имал проблеми со алкохолизам и зависност од дрога.