Ријана се појави на роденденот на својата мајка во проsирни панталони под кои може да се види буквално сè! (ФОТО)

7 април, 2021
169514352_486024015925085_5325644349447929469_n-660x450

Не е тајна дека Ријана е обожавателка на проѕирни изданија, па овој пат избра едно такво за роденденот на нејзината мајка. Пејачката излезе во понеделникот вечерта на роденденот на нејзината мајка Моника Брајтвејт во Њу Јорк, облечена во целосно проѕирни панталони за славеничката вечера во ресторанот „Pastis“.

Нејзиниот монохроматски изглед се состоеше од проѕирни кафеави панталони со потпис на Supriy Lele и кожена јакна од Saint Laurent, додека изданието го заокружи со Bottega Veneta нараквици. 33-годишната пејачка се опреми и со златно ланче Davida Yurmana, додека изгледот го комплетираше со Fendi чанта.

Извор за „Page Six“ изјавил дека Ријана била „луда“ и дека „се смеела“ кога влегла во ресторанот, до кој пристигнала околу 22 часот. На забавата од девет лица присуствуваше бабата, како и дедото на суперѕвездата, Лионел и Клара Брајтвејт, заедно со нејзиниот брат, додаде упатениот.

Ријана во последно време често привлекуваше внимание со својот изглед, па неодамна посети една книжарница во фармерки со пердуви од 13 200 евра. Можеби неодамнешните експерименти со стил на Ријана ќе ѝ помогнат на пејачката да го сврти вниманието на нејзините обожаватели од нејзината музичка кариера кон нејзиниот приватен живот, бидејќи тие со нетрпение ја очекуваат новата музика на пејачката, која не лансирала албум веќе пет години.

Иако LVMH ја затвори модната линија на Ријана, Fenty, во февруари, пејачката без сомнение останува зафатена со водење на својата линија долна облека Savage X Fenty, која сега се проценува на 1 милијарда долари.

Се чини дека нега на коса може да биде следниот чекор за нејзината империја за убавина, градејќи се на успехот на нејзините линии Fenty Beauty и Fenty Skin.