Ријана се врати: После долги пет години има нов албум

14 мај, 2021
images-2020-15-pxl-ipa-140618-20965302_XG9rHWH

Ријана го објави својот последен соло албум во 2016 година и оттогаш се повлече од музичката индустрија. Според новите информации, се чини дека наскоро ќе го објави својот деветти албум.

Пејачката Ријана (33) во 2018 година започна да објавува дека работи на нови песни, но сè уште не е исполнето ништо од ветувањата. Нејзините нетрпеливи обожаватели ќе ги утеши веста дека по пет години таа навистина и се враќа на музиката.

Во последниве години, Ријана се посвети на својот бренд Фенти, кој го именуваше по нејзиното презиме, за да го оддели од нејзината музичка кариера. Во 2017 година, таа го отвори брендот „Фенти Бјути“ и воведе своевидна револуција во светот на шминката. Подоцна одлучи да ја лансира модната линија Фенти, бренд за долна облека, а потоа и производи за нега на лице.

24sata

Уште од 2016 година, кога беше објавен нејзиниот последен албум ‘Анти’, нејзините обожаватели бараа нова музика, а веќе некое време се сметаше дека таа ќе се откаже од својата пејачка кариера.

– Долго работи на нова музика и нејзиниот деветти албум е конечно завршен – изјави извор за „Сан“, додавајќи дека пандемијата забави сè.

Долгоочекуваниот деветти албум на Ријана се најавува под името ‘R9’ и од време на време се споменува на Инстаграм. На прашањата и на барањата на обожавателите да го објават албумот, главно се одговара со шеги или се игнорираат. Кон крајот на 2019 година, таа на инстаграм сподели видео од возбудено кутре во кутија и опиша како се чувствува додека го слуша нејзиниот нов албум.

– Ри како да е од друг свет – пејачот Фарел Вилијамс (48) го опиша она што Ријана го подготвува на крајот на минатата година.

Деталите сè уште не се познати, но откриено е дека тaa ова лето ќе снима музички спот во Лос Анџелес. Англичанецот Раџа Вирди ќе биде режисер на спотот, кој претходно соработуваше со пејачот Сем Смит (28) и пејачката Фреја Ридингс (27).

„Сè е сè уште многу скриено, но Ријана никогаш не разочарува“, рекол анонимен извор.

Ријана претходно за Вог изјави дека албумот веројатно ќе биде во реге-стил или барем инспириран од реге.

– Се чини дека е исправно. Регеto е во мојата крв – рече пејачката од Барбадос.

Бидејќи датумот на издавање на албумот не е познат, нејзините обожаватели ќе мора да почекаат уште некое време пред повторно да уживаат во новите песни.