Ријана во комбинација што, само таа може да ја изнесе толку добро (ФОТО)

16 март, 2021
ријана

Ријана го привлече вниманието на папараците со необична комбинација

Американската пејачка Ријана (33) е фотографирана во Лос Анџелес во комбинација што само тааа може да ја изнесе.

Имено, познатата пејачка отишла на доцна вечера во својот омилен ресторан “Giorgio Baldi” во Санта Моника, а по тој повод носела темно зелена тренерка, кафеава кожена јакна и бели салонки.  

Под сакото носела зелено-бел џемпер, а под џемперот црн топ со бела чипка. Ријана неодамна ја смени фризурата, па сега има плетенки на главата.

Иако во времето кога папараците ја забележале, надвор било темно, Ријана носела очила за сонце со кафена рамка и црна заштитна маска, како би се заштитила од вирусот, со оглед на тоа што во светот моментално владее нов бран на пандемијата Ковид-19.

– Буквално никој освен неа не може да го вклопи и да го изнесе ова – изјави една обожавателка кога ги виде новите фотографии на Ријана.

Инаку, пејачката видливо ослабе, па нејзината фигура сега изгледа фантастично како порано, облеката и е широка, а се чини дека „симнала“ минимум 15 килограми, што ги накачи во последните две години.

Пред неколку месеци Ријана организираше онлајн модна ревија „Savage X Fenty Show“ која се емитуваше на Амазон платформата „Prime Video“, а благодарение на продажбата на шминка и долна облека со нејзиното име, таа во моментов е „тешка“ 600 милиони долари и се наоѓа на списокот на најбогати жени во светот.

escort - Korsan taksi