Рита Ора е исфрлена од популарното шоу заради кршење на епидемиолошките правила

10 февруари, 2021
Screenshot_1

Пејачката Рита Ора нема да добие нов ангажман во новата сезона на шоуто The Masked Singer.

Рита беше една од членовите на жирито во споменатото шоу, но наводно продуцентската куќа не сака да продолжи да соработува со неа затоа што ги прекршила епидемиолошките мерки, двапати.

Таа најпрво отпатува за Египет каде имаше настап во хотел со пет sвезди, а по враќањето во Велика Британија, наместо да биде во изолација, пејачката организираше тајна роденденска забава каде покани голем број свои пријатели.

Сепак, извор близок на Рита тврди дека причината што Рита нема да се појави во новата сезона на шоуто е тоа што прифатила втор ангажман.

„Општо е познато дека таа е во Австралија и ќе го снима „The Voicе“ во следните неколку месеци“, рече изворот.

Но, она што следбениците го забележаа е голема промена на официјалниот профил на познатата пејачка на Instagram.

Имено, пред шест дена, Рита ги избриша сите свои објави на Instagram, а на нејзиниот профил сега може да се видат само објави поврзани со новата песна, што треба да излезе на 12 февруари.

Британската полиција неодамна ја нарече пејачката „себична“ затоа што во ноември таа одржа затворена забава по повод нејзиниот 30-ти роденден во ресторанот „Casa Cruz“.

escort - Korsan taksi