Роналдо и Џорџина избезумени поради несреќата која ќе беше скоро фатална за нивното семејство

25 февруари, 2021
Screenshot_1

Избезумени се

Можеше да биде фатално. Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во шок. Имено, во нивното семејство неодамна се случи несреќа што ги остави вознемирени. Нивната мачка по име Пепе за малку ќе беше убиена од автомобил. Нивното милениче било прегазено откако избегало од луксузниот дом во Торино кој фудбалската sвезда го дели со моделот и инфлуенсерка.

Џорџина остана со скршено срце откако за малку ќе го изгубеше миленичето. „Избега од дома и беше прегазен. Беше близу смртта и по месец и половина интензивна нега на ветеринар, решивме дека сестра ми Ивана ќе се грижи за него “, изјави Џорџина, додавајќи дека Пепе сега се опоравува во Шпанија.

Патем, неодамна не се знаеше многу за нејзината сестра. Откако минатата година Џорџина и Ивана се појавија заедно на интимна добротворна вечера на која присуствуваа голем број фудбалски колеги на Кристијано, мистериозната сестра го освои тимот на Јувентус со само еден настап.

Италијанските медиуми тогаш напишаа дека неколку играчи на Јувентус, чие име не беше соопштено, веќе го замолиле Кристијано да им го даде бројот на сестрата на неговата сакана, на што 35-годишниот фудбалер не се согласил бидејќи Ивана наводно била во долга и среќна врска. Иако не се знае многу за неа, таа на Instagram е опишана како суперхероина и како девојка со големи соништа што го сака животот. Многу е врзана за својата сестра и ги обожава своите внуци, а некои пишуваат дека е претпазлива од медиумското внимание.

escort - Korsan taksi