РОНАЛДО ИЗГУБИ 11 МИЛИОНИ ЕВРА! Португалецот го продава станот во Њу Јорк!

26 јуни, 2021
442137_ronaldo_f

Новак Ѓоковиќ пред неколку дена го продаде станот во Мајами, а сега Кристијано Роналдо го продава луксузниот имот во Њу Јорк

Португалецот бара 7,8 милиони долари за недвижниот имот, дури 11 помалку отколку што го платил пред шест години. Станот се наоѓа во еден од најпознатите делови на Њу Јорк, на Петтата авенија.

Станот е во кулата Трамп, а поради контроверзниот поранешен американски претседател Доналд Трамп, навивачите со години сакаа, еден од најдобрите играчи во светот, да го продаде тој стан.

Во моментов, станот со три спални соби и ист број бањи повеќе не чини ниту близу 18,5 милиони, како што искешира фудбалерот на Јувентус во 2015 година. Тој сакаше да го продаде за девет милиони, а сега цената е уште пониска поради пандемијата што го погоди целиот Свет.

Станот има мермерни подови, луксузен мебел кој е „потпишан“ од најпознатите светски брендови, но и погледи кои го одземаат здивот. Познатиот Централ парк и Менхетн се гледаат од собите во станот на Роналдо.

escort - Korsan taksi