Руперт Гринт го сруши рекордот на Џенифер Анистон на Инстаграм

18 јануари, 2021
р

Социјалната мрежа Инстаграм постои веќе подолго време, а некои славни личности дури неодамна се приклучија на апликацијата за споделување фотографии и видео.

Џенифер Анистон го потресе интернетот приклучувајќи се на Инстаграм, а своето доаѓање го одбележа со селфи со актерите од серијата „Пријатели“. За само пет часа и 16 минути, Анистон тогаш собра милион следбеници и постави рекорд на Инстаграм, кој го сруши актерот Руперт Гринт.

Тој доби милион следбеници за само четири часа и една минута. На 10 ноември, Гринт ја сподели својата прва фотографија на Инстаграм со неговата новородена ќерка. „Еј Инстаграм, доцнам десет години, но еве ме. Тука сум да ве запознаам сите со г-ѓица Гринт “, напиша тој.

Подоцна во разговор со ЕТ тој рече: “Никогаш не мислев дека ќе се приклучам на Инстаграм. Јас секогаш велев дека нема, а потоа само помислив: Па зошто да не?”, рече тој.

Актерката Џенифер Анистон се приклучи на Инстаграм на 15 октомври 2019 година објавувајќи селфи со актерите од серијата „Пријатели“. “И сега сме пријатели на Инстаграм. Здраво”, напиша Анистон во својот прв пост на популарната социјална мрежа.