„Сѐ уште си топ!“ Вергара објави ФОТОГРАФИЈА во БИКИНИ стара 30 години! (ФОТО)

28 февруари, 2021
419867_sofija23456_f

Софија Вергара била желба на многу мажи во нејзината младост, а ништо не е променето ниту денес. Нејзиниот виток раст и егзотичното латино лице е она што ја прави привлечна и денес

Фановите на Софија Вергара честопати ѝ велат дека денес изгледа уште подобро, но актерката (48) гордо ги покажува своите фотографии направени во 90-тите години на минатиот век, кога блесна и ја осветли сцената.

Со последната фотографија што ја објави на Instagram, таа ја скокотна фантазијата на нејзините следбеници. Сподели фотографија која е направена во Мајами пред околу триесет години.

Софија зазела предизвикувачка поза и облекла црно бикини за да ги истакне своите бујни облини. Заводливо погледнала во камерата, а нејзината долга коса паднала по рамениците и грбот.

– Ти си најубавата жена. Сè уште изгледаш така, можеби дури и подобро. Кралице, ти си сепак топ – напишаа нејзините следбеници во коментарите.

Латино заводничката се прослави благодарение на нејзините облини. Денес таа е една од најплатените актерки.