Сагата продолжува: Бред Пит ѝ задава уште еден удар на Анџелина Џоли во мачната битка за старателство

2 септември, 2021
1523921

Се чини дека посвоените, но и биолошките деца на Бред Пит и Анџелина Џоли уште долго време ќе поминуваат низ болната битка за старателство што ја започнаа нивните родители. Ниту еден од поранешните сопружници не се предава лесно, а доказ за тоа е последниот потег на Пит

Неколку недели откако беше потврдено за Us Weekly дека Анџелина Џоли успеала во нејзиниот план да ја отстрани судијката од нивниот случај во битка за старателство, Бред Пит одлучи да возврати. Според новите судски досиеја, кои беа дадени на Us Weekly на првиот ден од септември, 57-годишниот Пит го даде своето мислење за смената на судијата Џон В. Одеркирк и побара од Апелациониот суд во Калифорнија да ја преиспита таа одлука.

Како што е веќе познато, Анџелина Џоли побара изземање на Оудеркирк поради неговата претходна врска со Бред Пит, сметајќи дека поради тоа е субјективен и е на негова страна.

Бред Пит, од друга страна, сега поднесува приговор со неговиот правен тим, истакнувајќи колку е искрен судијата и како јасно стави до знаење дека го знае приватно. Затоа Пит верува дека само е направен конфликт околу одлуката за отстранување на Оудеркирк, и бидејќи на актерот му беше одредено привремено старателство во мај, тој е убеден дека пресудата сега може да се поништи.

„По повеќе од четири години тежок судски спор, од кои секоја им наштети на децата, но и на нивниот татко, се плашиме дека важна и намерна одлука за старателство може да се укине како резултат на административна грешка која навистина не е целосно поврзана со спорот за старателство“, стои во приговорот до судот.