„САКАМ ЖЕНИ“ Пејачката ги збуни фановите, ја бомбардираа со негативни коментари

18 јуни, 2021
profimedia-0608281735

Пејачката Били Ејлиш стана sвезда уште кога беше тинејџерка. Таа беше препознатлива по црната и зелена коса што беше нејзин заштитен знак, до неодамна кога ја обои платинесто руса и ги шокираше обожавателите со промената. 19-годишната девојка потоа повторно се најде во центарот на вниманието откако позираше за насловната страница на Вог во секси изданија. Носеше долна облека и трегери што беше вистинско изненадување, имајќи предвид дека секогаш се појавуваше во широки и вреќасти изданија за да го сокрие своето тело. Но, тоа не беше крајот на нејзините изненадувања.

Неодамна, таа го режираше спотот за песната ‘Lost Cause’, за која носеше шорцеви и ноќница со длабоко деколте, се бакнуваше со пријателите и twerk-аше. Некои нејзини обожаватели ја критикуваа за ова и во нејзините коментари напишаа дека користи статус на ЛГБТ + за да го промовира своето видео. И откако објави фотографии од „зад сцената“ со девојките од видеото на Инстаграм и напиша „сакам жени“, дел од обожавателите дивееа и илјадници престанаа да ја следат.

Многумина помислија дека Били конечно изјави дека сака жени, за што се шпекулира веќе некое време. Но, подоцна таа беше фотографирана со неколку години постарото момче Метју. Поради своите изјави и однесување, младата пејачка наиде на многу негативни коментари. Фановите ѝ рекоа дека премногу се променила и дека повеќе не е Били како што ја познавале. Пејачката потоа објави селфи од автомобилот и симболично рече дека е уморна. Од работа или коментари, само таа знае. „Замислете колку сме ние уморни“, се огласија некои.

escort - Korsan taksi