Сашко Коцев е избран за најдобар актер на филмски фестивал во Бејрут

8 февруари, 2021
kocev

Актерот Сашко Коцев е избран за најдобар глумец на Фестивалот Beirut Shorts International Film Festival, кој се одржа во Бејрут, Либан. Тој е и избран во категоријата за најдобар глумец во интернационален краток филм, а наградата е за филмот „Налепница“ на Георги Унковски.

Филмот „Налепница“ неодамна беше избран за најдобар краток филм на 18. издание на Меѓународниот фестивал за краток филм „Ин д палас“, а Коцев за најдобар актер на Фестивалалот за кратки филмови Social World Film Festival во Берлин, Германија.

Налепница“ е црна комедија во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола тргнува на пат и запаѓа во серија проблеми. Филмот се снимаше 6 дена на повеќе локации во Скопје. Главната улога ја игра Сашко Коцев, а настапуваат и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски-Упа, Соња Стамболџиоска и Димитрија Доксевски.