Се изнатрчаа на стадион, а потоа изморени снимаа кадри од спотот: Андреј и Панчо откриваат детали за своите наследници кои се појавија во „Македонија на Европско“

22 јуни, 2021
dnk
  • Со голема радост и возбуда Андреја (10), Марјан (6) и Јана (5) ги снимале сцените од спотот за песната „Одиме на Европско“ на популарното дуо ДНК. Биле одушевени што се наоѓаат на Градскиот стадион, каде се реализраа поголем дел од кадриете. 

– За наша среќа Јана е многу мирно и послушно дете кое има афинитети кон музиката. Посебно ги обожава темите од цртаните на Волт Дизни, на кои игра и пее. Во моментов, најомилена и е ” Македонија на Европско“. Со задоволство прифати да се појави во спотот за песната како и сите пријатели кои ни гостуваат во него. Прво се изнатрча на стадионот, па кога дојде време да снима, беше преморена и испотена – открива нејзиниот татко Андреј Ѓорѓиески. 

Владимир Блажев –Панчо вели дека неговите синови биле пресреќни што се на стадион и не ја пропуштиле шансата да истрчаат на теренот, исто како нивните идоли од македонската репрезентација.

-Искрено не знам дали се музикални. Ниту ги терам. Ако се прашувам, никогаш не би сакал да се занимаваат со оваа професија. Ако почнат, ќе им дадам максимална поддршка, како и за било која друга професија. Според ова што го гледам, малиот е многу помузикален, постојано си свирка, потпевнува. А поголемиот како што расте, слуша исклучително модерна и актуелна музика, што мене ми е многу драго. Почнува и да игра на некои рап модерни нумери.Во моментов претпоставувам дека им е најубава „Македонија на Европско“. Малиот ја знае од А до Ш, верувам и големиот. Никогаш не сум ги терал да ги слушаат нашите песни. Сами тоа го прават. Кога ги преслушувам демо снимките, ги прашувам дали им се допаѓаат. Има некоја што повеќе им се допаѓа, а некоја помалку, нормално, како и на сите луѓе. Дали ќе наследат музички ген? Претпоставувам од моја страна ако го наследат – ќе го наследат, ако не – нема. Би сакал да се занимаваат со друга работа – вели Панчо.

Преземено од zenskimagazin.mk

escort - Korsan taksi