Се крие како и банкарот: Лила доби подарок од таен обожавател: „Храброст е да љубиш без да очекуваш нешто за возврат“

24 септември, 2021
лила

Секој ден имате прилика да ја гледате водителката Лила Филиповска на ТВ екраните како го води квизот „Сѐ или нешто“ чија 11-та сезона започна неодамна.

Лила како една од омилените водителки, често добива подароци, посебно од нејзините натпреварувачи кои знаат да бидат оригинални и да ѝ подарат нешто уникатно.

Освен на ТВ, водителката е активна и на социјалните мрежи, па оние кои ја следат знаат за нејзините активности, каде  е на одмор , како го поминува времето, што има ново…

Така беше и овојпат кога Лила на социјалните мрежи доби подарок од анонимен обожавател.

Како што објави во кусите приказни на Инстаграм, објави дека добила букет со црвени рози од анонимен обожавател, а со цвеќето оставил и порака.

„Храброст е да љубиш без да очекуваш нешто за возврат“.

Лила овој гест го објави во кусите приказни на „Инстаграм“, а дали тајниот обожавател ќе продолжи да ѝ праќа подароци и ќе се крие како банкарот, останува да видиме.

Преземено од vistina.com.mk