СЕ КРИЕ ОД ПАПАРАЦИТЕ- Дали знаете која е сестрата на Ирина Шајк и со што се занимава?

26 јануари, 2021
profimedia-0323920662

Иако, за разлика од нејзината славна сестра, живее таен живот, овие денови е фатена – без градник

Иако сите слушнале за руската убавица, популарната 35-годишна Ирина Шајк, името на Татјана Петенкова за многумина е непознато. Имено, малкумина знаат дека убавата манекенка има подеднакво убава, една година полмада сестра. Сепак, Татјана се крие од медиумите колку што може и многу помирен, семеен живот, живее во Русија.

Имено, според светските медиуми, Татјана не се определила за начинот на живот што го води нејзината популарна постара сестра, туку им се посветила на своите деца и сопругот, со кои живее во нејзината родна земја. Таа и нејзиниот сопруг заработуваат за живот со одгледување и продавање кучиња, а имаат и три ќерки.

Интересно е што најстарата од нив го доби името по Ирина, а покрај неа тие имаат и четиригодишен син Максим и ќерка Емили, кои се родија минатата година.

Инаку, токму овие денови Татјана ја посети својата позната сестра, и беше „фатена“ на улиците во Њу Јорк. Носеше долни тренерки, џемпер и црна јакна која ја искомбинира со бели патики. Поради ветрот, таа во рацете го држеше шеширот, а вниманието на сите го привлече фактот дека не носеше градник.

Патем, Татјана заврши козметичко училиште, на кое се запиша и нејзината сестра, а нивното детство не беше воопшто лесно. Имено, тие живееле во малото село Јеманжелинск, а како тинејџери го изгубиле татко им кој починал од пневмонија. Поради сиромаштијата со која се соочувало семејството во тоа време, нивната мајка Олга, наставничка по музика, морала да работи три работи, додека нејзината баба се грижела за нив. За време на смртта на нејзиниот татко, Татјана имала 15, а Ирина 16 години.

escort - Korsan taksi