СЕ ОБИДЕ ДА БИДЕ СЕРИОЗЕН: Новиот гаф на принцот Чарлс ги насмеа сите

11 јуни, 2021
profimedia-0396194639

Принцот Чарлс ја посети фабриката за автомобили Мини во Оксфорд каде зборуваше за револуцијата на електричниот автомобил, осврнувајќи се на раѓањето на Лилибет „Лили“ Дијана, ќерка на неговиот помлад син, принцот Хари и Меган Маркл, но обидот за сериозен говор стана смешен поради неговиот гаф кој веќе неколку пати го „кршеше“. Имено, 72-годишниот принц, во моментот кога требаше да започне да зборува, се обиде да ја симне заштитната маска за лице што му се залепи над очите.

Принцот се бореше со маската неколку секунди и конечно успеа да ја соблече. Тој очигледно не ја научил својата лекција, бидејќи тоа му се случи веќе неколку пати. На крајот на минатиот месец, тој ги насмеа обожавателите додека се обидуваше да испие пиво во паб, наречен по него.

princ Charles

Патем, за време на посетата на фабриката Мини, тој ги поврза раѓањето на неговото петто внуче и револуцијата во автомобилската индустрија. ‘Нејзиното раѓање е толку среќна вест. Електричните автомобили навистина нè потсетуваат на неопходноста од постојани иновации во оваа област со оглед на наследството што им го оставаме на нашите внуци. Развојот на технологијата, како што се електричните возила, е клучен за одржување на здравјето на денешните луѓе и идните генерации ‘, рече принцот Чарлс по тој повод.

Princ Charles

Да потсетиме, неговата внука, Лилибет или Лили Дијана Маунтбатен-Виндзор, е родена на 4 јуни. Според експертите, Лили би можела да ги залечи раните меѓу Чарлс и принцот Хари. Кралската биографка Ангела Левин изјави дека крштевањето на детето може да биде важен момент помеѓу кралските семејства. „Ново дете во кралското семејство може да биде најдобрата шанса за сите страни да се обединат, што значи дека Лилибет Дијана може да ги залечи раните“, рече Левин.

escort - Korsan taksi