СЕ ОГЛАСИ КИМ КАРДАШИЈАН: Канје ја заведе Ирина Шајк, а таа со една објава ги„запали“ мрежите- никој не го очекуваше ова! (ФОТО)

9 јуни, 2021
kim-kardasijan-kanje

Ким Кардашијан се огласи на Instagram по приказните дека Канје Вест ја завел Ирина Шајк.

Откако во сите светски медиуми одекна веста дека Канје Вест ја завел руската манекенка Ирина Шајк, коментарите и реакциите на оваа тема целосно го преплавија интернетот.

По повеќемесечни шпекулации за новата романса на раперот, поттикнати од заеднички фотографии од одмор во Франција, обожавателите на семејството Кардашијан со нетрпение чекаа да се огласи поранешната сопруга на раперот, Ким Кардашијан.

Судејќи според објавата на Instagram, Ким не обрнува многу внимание на гласините кои кружат во Холивуд, па на својот профил сподели селфи во провокативна комбинација што ја истакна нејзината фигура.

Сепак, само еден ден пред веста за новата љубов, Веста сподели семејна слика, со која срдечно му го честиташе роденденот на раперот.

„Среќен роденден, те сакам засекогаш“, напишала тогаш.

Потсетуваме, откако во Холивуд започнаа да кружат гласини дека Канје Вест ја изневерил сопругата со ѕeвездата на YouTube и шминкерката Џефри Стар, како бомба во странските медиуми одекна веста дека Ким Кардашијан раскинала и поднела барање за развод и побарала заедничко старателство над децата.

По повод разводот, ниту Канје ниту Ким не се огласија за медиумите, а семејното реално шоу на старлетата неодамна го покажа „проблематичниот период“ на оваа двојка. Сепак, барем засега не се зборуваше за развод.

escort - Korsan taksi