Се огласи уште една жртва на Менсон: „Имаше соба за силување…“

6 февруари, 2021
pjimage-6_SyluI5n

Фиби го сподели мрачното искуство што го доживеа со музичарот. Како тинејџерка, таа му беше голем обожавател и отиде во неговата куќа со неколку пријателки. Потоа ја покани во собата…

Во изминатата недела, пет жени поднесоа обвинувања против пејачот Мерилин Менсон (52), велејќи дека тој ги малтретирал психички, физички и сексуално. Прва што зборуваше беше актерката Еван Рејчел Вуд (33), која го обвини музичарот дека ја злоставувал додека била уште тинејџерка. Нејзината приказна ги поттикна другите жртви да проговорат.

Едниот рече дека Менсон ја врзал, ја силувал и уживал во нејзината болка, а друга рече дека ја заклучувал во соба кога била „лоша“ и ја навредувала со часови.

Среде сите обвинувања, музичарката Фиби Бриџерс (26) сподели мрачно искуство за кое тврди дека го доживеала со музичарот. Како тинејџерка, таа му беше голем обожавател и отиде во неговиот дом со неколку пријателки. Странските медиуми јавуваат дека, додека таа била во неговата куќа, тој ја поканил во „просторијата за силување“.

– Мислев дека има лоша смисла за хумор. И тогаш престанав да му бидам обожавател. Јас ги поддржувам сите што зборуваа за тоа – напиша Фиби на Twitter.

Кога обвинувањата против него почнаа да се нижат, Менсон остро ги негираше. Сепак, последиците беа брзи. Истиот ден кога се јавиле злоставуваните жени, издавачката куќа на Менсон Лома Виста престана да работи со него.

Според странските медиуми, Менсон ќе биде заменет во две телевизиски серии „Creepshow“ и „American Gods“, а Лома Виста веќе ја избриша својата официјална страница.

escort - Korsan taksi