Се појави видео од КАВГА меѓу членовите на групата „Манескин“: Ова покрена гласини за РАСПАЃАЊЕ на бендот (ВИДЕО)

27 јули, 2021
Maneskin

Дамијано во жестока расправија со единствената жена во бендот

Италијанската група „Манескин“ се прослави со учеството, но и победата на Евровизија оваа година.

Фронтменот на групата, Дамиано Давид, доби посебно внимание, освојувајќи ги срцата на жените ширум светот со својот изглед, шарм, но и моќен вокал.

Деновиве популарната група уште еднаш се најде во центарот на вниманието на медиумите поради видеото кое кружи на Интернет, а на кое се гледа како Дамиано и единствената жена член на бендот, Викторија Ангелис се расправаат.

Поради ова, почнаа да кружат гласини дека бендот е пред распад, а вистината е, всушност, сосема поинаква.

Имено, ова видео е само извадок од документарец што е снимен за нив во 2018 година, што е и наведено на ЈуТјуб. Тие тогаш се расправале во воз за време на турнеја и шпекулирале за иднината на бендот, а сè забележала една личност што седела во нивна близина.

– Престани да снимаш. Исклучи го тоа ср*ње – викна Дамиано кога забележа дека некој ги снима.