Се појавија нови детали од минатото на сопругата на принцот Хари: Меган ја излажа Опра во шокантното интервју?

15 март, 2021
megan lazela

Интервјуто со Меган Маркл и принцот Хари беше емитувано на телевизијата Си-Би-Ес и донесе одговори на многу прашања, ја откри нивната страна на приказната и бројните тајни и настани зад сцената, но исто така покрена големи прашања, како и теорија на „заговор“.

Во интервју за Опра Винфри, Меган тврди дека многу малку знаела за кралското семејство пред да се сретне со принцот Хари, иако на својот блог пред седум години напишала за својот сон да стане принцеза и венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Детали од нејзиниот претходен живот како актерка сега се појавија во јавноста.

За време на интервјуто со Опра Винфри, војвотката од Сасекс рече дека не знае многу за кралското семејство пред да се запознае со принцот Хари, но уште во 2014 година, кога работеше како актерка, таа напиша на својот блог за кралското семејство и нејзиниот сон да стане принцеза, пишува The Sun.

На нејзиниот блог, кој е затворен веќе некое време, Меган напиша како пораснала сонувајќи да стане принцеза како и за помпата што ја опкружуваше свадбата на Кејт и Вилијам.

Се чини дека возрасните жени ја задржуваат таа детска фантазија. Само погледнете во помпезноста и околностите околу кралската венчавка и бескрајниот разговор за принцезата Кејт – напиша таа меѓу другото.

Според британските медиуми, некои од нејзините пријатели од детството исто така тврдат дека таа имала голем интерес за кралското семејство додека растела, особено принцезата Дијана.

Американските и британските медиуми пронајдоа одредени сличности помеѓу принцезата Дајана и Меган Маркл во текот на изминатата недела и изјавија дека Меган ги копира своите модни комбинации и го имитира нејзиниот моден израз.

Кралскиот биограф Ендру Мортон тврди дека кога Меган имала 16 години, кога го гледала погребот на принцезата Дајана со „солзи кои ѝ течеле по образите“.

escort - Korsan taksi